среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 10 ново

Американско разузнавање: Рускиот државен врв е одговорен за хакерските напади

Шефовите на американските разузнавачки служби предупредија денеска дека Русија претставува најголема закана за многу американски интереси, тврдејќи дека за хакерските напади и објавувањето документи на Демократската партија за време на претседателските избори во САД е одговорно највисокото раководство на Русија.

– Проценивме дека само највисоките руски функционери би можеле да ги одобрат неодамнешните кражби и објавување податоци во врска со изборите, се наведува во заедничкото соопштение на директорот на Националната разузнавачка агенција, Џејмс Клапер, потсекретарот на одделот за разузнавачки прашања при Министерството за одбрана, Марсел Летр и директорот на Националната безбедносна агенција (НСА) Мајкл Роџерс.

Тие предупредуваат дека Русија претставува најголема закана за многу американски интереси поради својата „високо напредна кибер програма“ и софистицираните капацитети.

– Русија е голем актер во областа на кибернетиката и претставува главна закана за американската Влада, војска, дипломатската, трговската и клучната инфраструктура, оценуваат највисоките американски разузнавачи.

Клапер, исто така, истакна дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж со објавување на доверливите информации директно ги загрозил животите на Американците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top