понеделник, 12 ноември 2018 | Вести денес: 86 ново

На Свети Никола: Бегајќи од невреме, фотограф откри племе кое немало допир со цивилизацијата (ФОТО)

Еден фотограф случајно снимил амазонско племе кое уште не воспоставило контакт со цивилизацијата бидејќи неговиот хеликоптер морал да ја промени редовната рута како би избегнал невреме.

Непланирано прелетал над непознато племе и нивните долги колиби.

„Го зграбив фотоапаратот и почнав да фотографирам“, вели бразилскиот фотограф Рикардо Стакерт, „немав многу време да замислувам што се случува“.

izolovano-pleme-amazonija-foto-printscreen-instagram-1482510710-1064533

Тоа било среќен момент за Стакерт. Забележал градба додека бил во Акре, сојузната држава во близина на границата со Перу, и тоа баш додека одел да фотографира племе домородци со кое е воспоставен контакт.

Во текот на повратниот лет, 18 декември, успеал да направи уште воодушевувачки фотографии кои нудат увид во животите на изолирано племе. Бразил има околу 80 такви групи, но нивното постоење е под се посилна закана на илегални дрвосечачи, рудари и крумчари на дрога.

Стакерт посебно го импресионирала бојата на телото на еден од мажите за која смета дека е камуфлажа.

izlovano-pleme-amazonija-foto-printscreen-instagram-1482514235-1064555

„Кога ни е ладно ние на себе ставаме облека. Тие тука стават боја за да се заштитат“, рекол тој.

„Помислив во себе: Мораш да го фотографираш ова, мора да биде сочувано“, раскажал фотографот.

Подобро за нив да останат изолирани

Во државата Акра живеат три изолирани групи, вели Хосе Карлос Меирелјес, експерт за бразилски домородци со 40 години искуство, а кој бил во истиот хеликоптер.

izlovano-pleme-amazonija-foto-printscreen-instagram-1482510813-1064535

„Понекогаш и малку детали можат многу нешта да откријат, а како фотографиите имаат добра резолуција можеме добро да видиме понатака“, рекол.

Пред две години со четири изолирани племиња од Акре, стапил во контакт. Некои од нив му рекле на Меирелјес дека мислеле оти хеликоптерите се нешто волшебно, или огромни птици, и дека немале поима дека внатре се наоѓаат луѓе.

Меирелјес прв пат ги здогледал знаците на ова изолирано племе уште во 1988 година, а учествувал и во летот на БиБиСи во 2010 година кога се снимени од голема висина.

„Користат секири, мачети, чинии, знаат за нашиот свет, но слабо им е познат“,објаснил Меирелјес .

Верува дека во племето се наоѓаат околу 300 луѓе и дека одгледуваат банани, слаток компир, маниока, и кикирики, како и дека се занимаваат со лов и риболов.

Драго му е што изгледаат здраво, и додава дека никој не го знае името на тоа племе.
„Ги викаме Индијанци од горниот тек на реката Хумаита“, рекол Меирелјес .

„Никогаш не стапиле во контакт со никој, немаме поима на кој јазик зборуваат ниту кои се тие. За среќа не знаеме. Тој ден кога дознаеме за нив почнуваат проблемите“, заклучил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top