вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Јосипа Лисац: Карло беше моја прва и последна љубов

lisac

Јосипа Лисац која важи за уникатна појава на музичката сцена на овие простори вели дека верува во љубов за цел живот, па токму поради тоа откако починал нејзиниот сакан Карло Метикош, кој всушност за неа ги има направено и најубавите песни, таа е сама.

– Најубав период од мојот живот беше оној кој го поминав покрај мојот Карло. Тој за мене ги напиша најубавите песни кои живеат и денес. Го направи антологискиот албум ” Дневник једне љубави” (1973) и е автор на хитовите ” Магла”. ” Данас сам луда”… Моментите со него никогаш нема да ги заборавам, тој беше и остана моја прва и последна љубов, изјавила пејачката која со музика почнала да се занимава уште од средношколските денови.

– Некаде во четврта година гимназија почнав да се интересирам за рок музиката и во 1967 година почнав да пеам во групата ” О’Хара” на која после и го променивме името во “Златни акорди”. Набрзо потоа добив прилика да настапам на најважниот фестивал на забавна музика во Опатија во 1968 година каде собрав повеќе награди со песната од Арсен Дедиќ. Имав прекрасен почеток на мојата кариера, додала Јосипа, која годинава слави 50 години кариера и по тој повод најави серија концерти низ регионов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top