недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Многу прашина за случајната средба меѓу Јосипа Лисац и Колинда Грабар Китаровиќ (видео)

Средбата на хрватската поп-ѕвезда Јосипа Лисац со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ во ложа во Хрватскиот народен театар, фатена со телевизиска камера, со различни коментари ја пренесуваат сите медиуми во регионот.

Имено, двете дами пред почеток на претставата, седеле секоја во својата ложа, но кога се забележале, претседателката се навалила да и пружи рака да се поздрави со Лисац, за што поп-дивата ладнокрвно останува да седи и само ја испружува раката. Тоа поттикна гласини и дилеми кому треба да му е чест, на претседателката дека е со дивата, или на Јосипа Лисац со Колинда Грабар Китаровиќ.

За некои медиуми Лисац ја понижила претседателката, што пак други сметаат дека е претерано, бидејќи претседателката неколку пати докажала дека не и е пресуден протоколот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top