четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 114 ново

Наградата од УЧК за Милчин ги запали социјалните мрежи – Како не ти е срам?

milcin

Наградата која УЧК му ја врачи на поранешниот прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ и најпозната соросова фигура во Македонија, Владимир Милчин, предзивика лавина од реакции на социјалните мрежи.

Граѓаните коментираат за поданичкиот и понизен поглед на Милчин до косовскиот претседател Хашим Тачи.  Милчин беше одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“, потег кој предизвика револт кај Македонците. Тој се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои беа одликувани, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Граѓаните коментираат дека наградата е резултат на долготрајни напори, посветеност и макотрпна работа од страна на Милчин.

01

Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

02

За потсетување, ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, беше Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие „се хра­нат“ од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.

На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113-та косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со те­ро­ри­сти­те паднаа осум по­ли­ци­ски жи­во­ти. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и сим­бо­ли­те за иде­и­те за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, со кои на­се­ка­де на Бал­ка­нот се пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­ци­ден­ти, по­ткре­пе­ни и со скан­ди­ра­ња за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.

alb

Инаку, во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на албанските национални интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top