петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 24 ново

Делата на Жарко Башески на меѓународна изложба во Марибор

На изложбата се претставени слики, скулптури, фотографии, видеа, инсталации и научно-истражувачка дела…

Изложбата МИГ 21 (Migratory Interdisciplinary Grid) претставува меѓународна изложба на тема миграција која нуди целосно хуманистички одговор на политичко прашање и на тој начин поврзува 50 уметници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Франција, Германија, Русија, Полска, Чешка, Јапонија, САД, Мексико, Канада и Австралија.

Во рамките на овој проект, скулпторот Жарко Башески беше поканет да изложи четири негови дела. Уметничките дела се поврзани со идејата за миграција во најширока смисла, тие се прашуваат како сите ние се движиме „во и надвор од нас самите.” Преместување е суштината на животот, миграцијата е од клучно значење, не само за уметноста, туку и за постоење на живот.

МИГ 21 ги поврзува уметничките визии и човечките вредности со различни визуелни, звучни и интердисциплинарни медиуми, што е новина во Словенија. На изложбата се претставени слики, скулптури, фотографии, видеа, инсталации и научно-истражувачка дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top