петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Асанж ќе биде сослушан на 14 ноември

Почетокот на процедурата за сослушување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кого шведските власти го обвинија за силување, е одложен за 14 ноември, соопшти обвинителството на Еквадор.

Од 2012 година, Асанж е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон.

– 14 ноември 2016 година, во 10.00 часот (по локално време) е новиот датум кога ќе биде сослушана веризијата на Џулијан Асанж, за што настојува шведското правосудство – се наведува во соопштението.

Претходно, беше предвидено сослушувањето да се одржи на 17 октомври.

Процедурата се одложува по барање на 45-годишниот Австралиец.

– Тој поднесе барање во писмена форма преку амбасадорот на Еквадор во Велика Британија, аргументирајќи со гаранциите за безбедност и со неговата правна заштита, стои во соопштението на еквадорското обвинителство.

Против него шведските власти издадоа наредба за апсење, откако беше направена истрага во 2010 година, врз основа на жалбата на една Швеѓанка за силување.

Асанж ги отфрла обвиненијата, велејќи дека тоа е замка за негова екстрадиција во САД, каде што сакаат да го судат за ширење доверливи информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top