сабота, 23 јуни 2018 | Вести денес: 90 ново

Првпат во историјата фудбалер доби зелен картон (видео)

Познато е дека во фудбалот играчите на теренот добиваат жолти и црвени картони за неспортско однесување, а на еден натпревар во Италија судијата покажал зелен картон.

Тоа се случило во Серија Б на мечот меѓу Виртус Ентела и Винченца, а Кристијан Галано влезе во историјата како прв фудбалер кој заработил зелен картон.

Овој картон судиите го доделуваат на играч кој покажал најмногу ферплеј за време на мечот.

Фудбалер на Виченца на мечот признал дека помошникот на судијата погрешил кога доделил корнер на неговата екипа.

Зелениот картон во Втората италијанска лига е воведен уште минатата година, а првпат е употребен оваа сезона. Целта е да се промовираат позитивните фудбалски и спортски вредности на ферплејот. Оној што ќе собере најмногу зелени картони на крајот на сезоната ќе добие награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top