петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Бил Клинтон: Обамакер е најлудото нешто во светот

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, чија сопруга Хилари е кандидат на демократската партија за претседателските избори, здравствената програма „Обамакер“ на актуелниот претседател ја нарече „најлудото нешто во светот“.

– Го имате тој луд систем, во кој одеднаш уште 25 милиони луѓе имаат здравствено осигурување, а потоа имате луѓе кои се убиваат од работа, некогаш и по 60 часа неделно, гледаат дека нивните премии се удвоени, а она што им е покриено е преполовено. Тоа е најлуда работа во светот, изјави Клинтон на предизборниот собир на демократите во Флинт, Мичиген.

Си-Ен-Ен се уште чека на коментар од Белата куќа на оваа изјава.

Спорниот закон стапи во сила на 1 октомври 2013 години, а неговите противници тврдат дека предвидените субвенции се нелегални во повеќето американски сојузни држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top