понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Асанж на 17 октомври ќе одговара на прашања на шведската Влада

asanz

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ќе одговара на прашања составени од шведската Влада на 17 октомври во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Еквадорските власти денеска соопштија дека судските процеси против Асанж можат да почнат на 17 октомври.

Еквадорскиот обвинител Вилсон Тоаинга ќе биде задолжен за земање на изјави од Асанж. Две шведски претставнички Ингрид Исгрен и Сесилија Редел ќе бидат присутни додека Асанж ќе одговара на прашања.

Шведските обвинители по испитувањето ќе донесат одлука дали истрагата ќе продолжи или не.

Асанж е во Амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска, каде е обвинет за силување. Асанж тврди дека е невин, но стравува дека Шведска ќе го предаде на властите на САД, каде е обвинет за објавување на воени и дипломатски документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top