четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Вознемирувачки фотографии: Полицијата со причина ги објави овие предозирани родители

Полицијата од сојузната американска држава Охајо објави фотографии на предозирани родители.

Мажот, очувот на детето, 47-годишниот Џејмс Ли Акорд лежел неподвижен зад воланот, додека неговата партнерка, 50-годишната Ронда Ли Пасек лежела на совозачкото седиште, речиси помодрена. Нивното дете, исплашено и збунето од тоа што се случува, седело стаписано на задното седиште. Мажот и жената биле предозирани и пред умирање.

Фотографијата ја направила полицаец од сообраќајна патрола куму му станало сомнително движењето на возилото во кое имало двајца возрасни патници и едно дете. Кога се доближил до автомобилот, се шокирал.

– Чувствуваме потреба да бидеме глас на децата кои се наоѓаат во иста или слична ситуација. Се надеваме дека оваа приказна ќе ги натера другите корисници на наркотици двапати да размислат пред во себе да го вбризат тој отров и да се грижат за своите деца. Овие фотографии најдобро ја пријажуваат страшната страна на злоупотребата на наркотиците, посебно на хероинот – стои во соопштението на полицијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top