вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 121 ново

„Манасков во воздух“ на Дуковски е најдобрата ракометна фотографија според ИХФ

Наградата за најдобра фотографија од ракометните терени, која ја доделува Интернационалната ракометна федерација, годинава ја освои македонскиот фоторепортер Денис Дуковски, фотограф на македонскиот тим „Вардар“.
При огромна конкуренција фотографијата на Дуковски најдобро успеала да ја долови природата на ракометот, велат од Федерацијата. ИХФ се одлучи за две победнички фотографии.
Наградената фотографија на Дуковски го одбележа Светското првенство во Катар, а главен лик е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, како лебди во воздухот паралелно со теренот, за време на натпреварот помеѓу Македонија и Иран.
Photo of the Year 2015_2_Laurent Theophile
Втората најдобра фотографија на годината, е дело на познатиот француски фоторепортер Лорен Теофил, снимена на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Флори Лорет и ФТЦ Реил Карго Унгарија. На фотографијата е Александрина Кабрал Барбоса од Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top