понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Асанж се закани: Ќе ја објавам вистината за Хилари која ќе ги промени изборите во САД

asanz

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, денеска предупреди дека во својата „кампања за откривање на тајни“ ќе објави нови документи кои се однесуваат на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, а кои би можеле да бидат „од клучно влијание“ на резултатите од изборите.

За Фокс телевизија, Асанж, кој живее во Амбасадата на Евкадор во Лондон од 2012 година, изјави дека Викиликс истражил илјадници страници материјал.

– Голем број документи се од различни институции, кои се поврзани со изборната кампања и се многу интересни, а некои дури се и забавни – наведе Асанж.

Тој додаде дека документите „сигурно ќе бидат објавени пред изборите закажани на 8 ноември“.

Пред одржувањето на Демократската национална конвенција, минатиот месец, Викиликс објави речиси 20.000 мејлови од адресите и серверите на демократите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top