среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 57 ново

Се работи на конзервација и реставрација на црквата “Св. Горѓи Победоносец”

crkva

Со поддршка на Министерството за култура интензивно се работи на конзервација и реставрација на црквата Св. Горѓи Победоносец во кумановското село Младо Нагоричане, која е споменик на културата од 16 век. ­ Конзервацијата и реставрацијата на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвива во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во моментов ги реализираат активностите за консолидацијата на архитектонско­ конструктивниот склоп на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.

Според усвоената динамика, се предвидува целосната реализација на проектот кој се однесува на архитектурата на црквата и нејзиното непосредно опкружување, да биде реализиран до крајот на годината. Потоа ќе бидат предложени мерки на заштита на фрескоживописот, се вели во дененото соопштение од Министерството за култура.

Претходно на овој сакрален објект било извршено зацврстување на конструктивниот систем, на покривот, а била извршена и санација на фасадите и потпорните ѕидови околу црквата. Црквата Св. Горѓи Победоносец е трокорабна базилика со развиен впишан крст во основата. Оваа монументална гробишна црква е изградена од разнобојни обработени камени блокови, фасадно декорирана со керамопластични елементи, како една од повеќето сакрални градби во кругот на голема монашка заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top