вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Нема ограничувања за пласман на домашните сорти пиперки и домати

Нема ограничувања на производството и на пласманот на ајварката и на домашните сорти домати во странство. Европската унија донесе правилници за трговија и производство на традиционалните земјоделски култури, но само за оние кои потекнуваат од нејзините земји членки, а не и за македонските.

Пиперката ајварка и доматот јабучар се традиционални домашни сорти кои и натаму ќе се одгледуваат и ќе се продаваат во нашата земја.

Унија донесе директиви за трговијата и производството на европските традиционални сорти кои ќе се продаваат само на нивните локални пазари. Овие прописи не важат за македонските земјоделци и нивната примена не го загрозува нашето производството и пласманот. Причините се практични, велат експертите.

Домашната ајварка и јабучарот и реално не можат и не се извезуваат од причина што локалното население со генерации ги произведува на мали површини во само кај нас специфични климатски услови.

Исто така поради нивниот скромен род и не можноста да издржат долг транспорт не се продават во странство туку исклучиво на локалните пазари во Македонија или како суровина за преработувачката индустрија. Нивниот пласман не е загрозен бидејќи доматите и пиперките што Македонија ги извезува се произведуваат само од европски сертифицирани семења, а ајварката и јабучарот се од македонски афтохтон семенски материјал.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top