понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Јани Макрадули, арсенал на платно

jani makraduli

Роден: 28 март 1965 година

Образование: струјаш

Занимање: Невработен

Еуфорија, па ладен туш. Како никој на светот, како никој од турската опозиција од прв до последен, нашата опозиција од некоја нејасна позиција му се израдува како на свое дете на миговниот пуч во Турција. Турската војска го направи тоа што го сонила македонската опозиција. А тоа, направеното, исто како и сонот опозициски, се распрсна на улиците во Истанбул и Анкара како стакло прегазено од силата на народот. Сила која СДСМ или ја потценува или не ја забележува. Зашто силата на народот не е целта на партијата.

Тоа што државниот удар уште истата вечер ги доби епитетите „обид“ и „неуспешен“ изгледа многу им ги помати погледите на опозиционерите, а уште повеќе им ги втурна во бесмисленост еуфоричните статуси со кои раскошно се рафрлаа по сите расположливи медиуми.

„Турската војска не се на паштети“, зајадливо ќе одговори на твитот „Македонската војска не се замара со политика“ невработениот поранешен пратеник Јани Макрадули од бранковистичкото крило на опозициската партија. Демек турскава газела, арслани на месишта, па кај нашиве да се разбуди гордоста, да се возбуди машкоста, да им се згади паштетата, па да наседнат на провокацијата и да ги извадат тенковите на улиците кои во одморите и горештините останаа празни и да им докажат на подзаборавениот Макрадули и на останатите сокачари дека и нам може крв да ни се случи.

Но, што да се очекува од човек кој на профилот има само селфија со хулиганите платеници и од Арсенал. Макар бил и фудбалски клуб, макар биле само хулигани на слика, симболично или метафорично упатува само на едно – насилство.

Бранковист или заевист – целта е таа, фотелја. А ако фотелјата не дојде со табуретка за нозете и далечински управувач за филмовите со тепачки, нека дојде со тупаница. А кога тупаницата со го сонча газдата, гази со чизмата.

„Пропадна обидот за воен удар во Турција. Веќе трети ден народот е на улиците во обрана на татковината.“ Толку за паштетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top