вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

САД најостро го осудија вандализирањето споменици

Вандализмот врз спомен- обележјата во САД, слично на тоа што СДСМ и Сорос изминатиов период го спроведуваат во Македонија, наидува на најостра осуда од тамошната јавност.

vandalism-resized

Полициското спомен-обележје во Ричмонд, Вирџинија, беше вандализирано со црвена боја на комеморацијата на загинатите полицајци, објави „Си-Ен-Ен“. Како што велат тамошните власти, лицето на статуата било обоено со црвена боја, а на градите бил ставен црвен Х.

-Ова е кукавички чин. Некој дошол и го сквернавел споменот на 28 полицајци – вели шефот на полицијата Алфред Данам.

Бронзениот споменик висок 2,4 метри неодамна беше преместен во Бирд парк, каде што се правеше и реконструкција. Споменикот претставува полицаец од Ричмонд, кој во рацете држи дете со мече-играчка. Покрај статуата, се наоѓа и спомен плоча со имињата на 28 полицајци од Ричмонд кои загинале на должност од 1863 до 2003 година.

-Добивме анонимен повик, закана, во саботата. А потоа се случува ваков вандализам. Многу прашања ни поминуваат низ глава, вели Данам. Споменикот беше исчистен и наскоро се очекува целосно да биде реновиран.
oboeni-spomenici
Сквернавењето и вандализирањето на спомен- обележја беше во фокусот на насилните протести на опозицијата предводена од СДСМ во изминатиот период.

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваа високи фукционери и членови на СДСМ.

Меѓу другото, вандалите удрија и по релјефите на кои има мотиви од ајдутството и комитството. Уништени беа релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски и Григор Прличев.
saren-4-360x640

saren-1-640x360

saren-3-640x360

asnom-spomenik-640x360

Особено на удар беше Порта Македонија, која не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември.

porta2-360x329

ilirida-skvernavenje-640x480

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top