вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

На тлото на Марс никнале ротквици, грашок и домати

Тим холандски научници неодамна на тло кое одговара на составот на тлото на Марс успеале да засадат растенија кои може да се јадат и кои се безбедини за човекот. Експерти од Универзитетот во Вегенинген објавија резултати од експеримент во кој од 10 растенија успешно биле засадени и пораснале четири.

Станува збор за домати, ротквици, ориз и грашок кои во себе не покажале елементи на токсичност па можат да се јадат. Одредени нивоа на концентрација на тешките метали биле многу пониски отколку на растенијата кои растат во обична земја.

Сега останува тие да се тестираат по ригорозните холандски и американски сигурносни стандарди, а ако тие тестови ги задоволат очекувањата, научниците на своите спонзори ќе им приредат вистинска гозба. Шест други растенија не ги задоволиле стандардите на здрава храна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top