вторник, 24 април 2018 | Вести денес: 94 ново

Дуке со пријателите ја воодушеви публиката на својот најголем концерт во досегашната кариера (галерија)

На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке настапи заедно со неговите пријатели и соработници: Каролина Гочева, актерот Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, нашата реномирана пејачка Тања Царовска и перкусионистот Матијас Кунзли, сите придружувани од камерен оркестар.

Duke Bojadziev koncert 2016 (19) (Custom)

Ова беше прв концерт на Дуке Бојаџиев после успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, каде настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, а на кој специјална гостинка беше Каролина.

Duke Bojadziev koncert 2016 (3) (Custom)

На сцената застана Тања Царовска со која ги изведоа „Си заљубив“, „Ова е љубов“ и „Епик“, следуваше Каролина со „Зборови немам“ и „Дојди“, па стиховите на Руми ги рецитираше актерот Никола Ристановски, следен од звуците на кларинетот на Исмаил Лумановски, а „Татко“ ја изведе заедно со Влатко Стефановски со аранжман специјално направен за оваа пригода. Публиката беше воодушевена, а атмосферата кулминираше со изведбата на тангото „До балчак“.

Duke Bojadziev koncert 2016 (19) (Custom)

Дуке Бојаџиев веќе долго време живее и твори во центарот на светската култура, Њујорк, меѓутоа своите најнови проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена, пред својата публика.

Duke Bojadziev koncert 2016 (2) (Custom)

Автор е на филмска, електронска и акустична музика во која може да се почувствува духот на македонската традиција, иако принципите на неговиот музички израз и стил се строго западноевропски.
Duke Bojadziev koncert 2016 (4) (Custom)
Досега Бојаџиев соработувал со оскаровците Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со македонскиот режисер Столе Попов за „До балчак“. Музиката на Дуке е користена за светски кампањи на познатите брендови Пежо, Ланком и Лореал, но и на разни светски музички компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш експрес“.
фото: Александар Ивановски
Duke Bojadziev koncert 2016 (5) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (6) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (7) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (8) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (9) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (10) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (11) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (12) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (13) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (14) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (15) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (16) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (17) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (18) (Custom)
Duke Bojadziev koncert 2016 (1) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top