четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 53 ново

По 10 години, во Куманово ќе се одржи оперски концерт

За првпат по 10 години, во Куманово младите ќе се обидат да го вратат културниот дух во градот за да ја оживеат и операта како посебен жанр.

На 26 април, со почеток во 19.30 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе се одржи Велигденски концерт на оперските надежи Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева, кои на сцената ќе бидат придружувани од пијанистот Андреј Наунов. Концертот ќе се одржи во два дела, при што првиот е наменет за македонска и за руска музика, а вториот за оперски класици.

На концертот е најавено дека ќе присуствува менторот на оперските надежи, примадоната Весна Гиновска-Илкова, како и значајни имиња од Музичката академија.

Дарко Тодоровски и Симона Чакарјанева се студенти во втора година на Музичката академија, отсек оперско пеење. Зад себе имаат бројни настапи на разни концерти. Во својата биографија Дарко се запишува како актер за италијанскиот пазар, топ-модел на модната агенција „Подиум“ и заштитино лице на англиската авиокомпанија „Ер виз“.

Оперскиот концерт ќе биде интегрално пренесен во живо на интернет, со помош на интернет сервисот „К-Нет“ од Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top