сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Нова можност за легализација на дивоизградените објекти

мисаНовиот рок за поднесување барање за легализација на бесправно изградени објекти е до 31 март 2016 година. Со ова пролонгирање на рокот сите граѓани што не поднеле барање за легализација, сега повторно имаат можност до 31 март в година до општините каде што е изграден објектот да поднесат барање за легализција на дивоизградениот објект.

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, беше гостин во „Радио Слободна Македонија“ каде што нагласува дека услов за легализација е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. Претходниот рок за поднесување на барања беше од 3 март до 3 септември 2011 година.

Се утврдува и нов рок за достава на геодетски елаборати, до крајот на следната година.

Имено, сите правни и физички лица, кои досега имаат поднесено барање за легализација, ќе имаат можност геодетските елаборати да ги достават до крај на следната година. Оваа измена е направена за на граѓаните да им оставиме простор уште една година да имаат време за достава на елаборатите, кои се клучен документ во процесот на легализација. На геодетските фирми ќе им овозможиме полесно да ја вршат работата бидејќи со сегашниот рок немаат доволно време да ги изработат сите поднесени барања, истакна Мисајловски.

Со измените се овозможува да се легализираат бесправни објекти што се изградени на приватно земјиште.

– Ова значи дека со стапување восила на овој закон, сопственик на дивоизграден објект ќе може да го легализира објектот на земјиште што е во туѓа, односно друга приватна сопственост, доколку во моментот на изградбата на објектот земјиштето било во сопственост на Република Македонија. Во овој случај измените предвидуваат заштита на правата на сопствениците на земјиштето  преку обештетување од страна на лицето кое го легализирало објектот. Со оваа измена, сопственикот на земјиштето или неговите наследници имаат право да побараат надомест за земјиштето без временско ограничување – истакна Мисајловски.

Доколку во рок од 20 години сопственикот на земјиштето побара надомест за земјиштето, тогаш ќе се земе предвид пазарната цена на земјиштето во моментот на поднесување на тужбеното барање.

Доколку сопственикот на земјиштето по истекот на тој рок од 20 години, побара обештетување за земјиштето, тогаш во предвид ќе се земе пазарната цена кога за објектот е објавано решението за утврдување на правен стстус во Службен весник на РМ, односно кога објектот е легализиран.

Сопственикот на легализираниот објект само по исплата на земјиштето може да се стекне со права на сопственост врз земјиштето.

Ако во рок од 20 години сопственикот на земјиштето не бара надомест на штета, тогаш сопственикот на објектот во судска постапка може да бара право на сопственост врз земјиштето каде е изграден објектот.

Доколку вредноста на земјиштето е поголема од вредноста на легализираниот објект, сопственикот на земјиштето може да плати надомест за објектот или да го купи објектот.

Оваа измена не важи за објектите за домување или објекти од јавен интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top