недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 7 ново

Јувентус продолжува да ги „меле“ противниците, шеста победа во низа (видео)

kvadrado

Актуелниот шампион на Италија уфрли во шеста брзина. Јувентус во второто дерби од 16.коло славеше на домашен терен над Фиорентина со 3-1 и со тоа се искачи на четврото место на табелата со шест бодови заостанување зад лидерот Интер.
Во Торино први поведоа гостите од Фиренца со гол од пенал преку Иличиќ уште во третата минута, но „старата дама“ покажа карактер не се предаде однапред и со три гола до крајот на мечот заслужено ги освои трите бода.
Одговорот стигна веќе во 6.минута,кога Куардадо со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на својот поранешен клуб. Јувентус ја контролираше играта во второто полувреме, но на третиот гол на мечот се чекаше се до 80. минута. Манџукиќ одлично од својата половина го проигра Погба, овој повлече контранапад и асистираше до Дибала. Ударот на Аргентинецот кратко беше одбиен од гостинскиот голман, но на топката натрча Марио Манџукиќ, постигнувајќи нов клучен гол за „старата дама“.
Конечните 3-1 беа дело на Дибала, кој ги реши сите дилеми околу победникот, носејќи му ја на Јуве деветтата победа сезонава.


Juventus vs Fiorentina 3-1 All Goals… by pop-auras

Во терминот од 18 часот во Неапол се сретнаа Наполи и Рома, но натпреварот заврши без голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top