понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Асанж: Ова е војна со многу учесници, не верувам дека таа ќе биде успешно решена

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж смета дека инцидентот со руските бомбардери би можело да објасни со парламентарните избори во Турција. Тој изјави дека инцидентот може да се објасни со политичките амбиции на Партијата на правдата и развојот.
Говорејќи преку видео линк од Амбасадата на Еквадор во Лондон, на конференцијата на телевизија “Раша Тудеј”, Џулијан Асанж, изјави дека Анкара ја предупреди Русија од можен и решителен одговор на повреда на границата, но додаде дека има уште една верзија на настаните.
“Сепак, постои друга информација – тоа не беше планирано. Токму пред избори (1 ноември), на кои победи Ердоган, донесени се правилата – да се урне дури и ако прекршувањето на турскиот воздушен простор трае една секунда. Ова беше направено со цел Ердоган да победи на изборите. Овие правила не се укинати “, рече тој.
Истакнувајќи дека тој не се обидува да ги оправда постапките на Анкара, Асанж, исто така, рече дека она што се случило се покажа како грешка на руските специјални служби, бидејќи Турците испратија сигнали. Притоа, тој изрази уверување дека Турција продолжува да ги заштитува своите интереси во северниот дел на Сирија за да воспостави контрола над дел од земјата.
“Ова е војна со многу учесници. Јас не верувам дека таа ќе биде успешно решена “, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top