сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 18 ново

Пет пара апсурдно скапи патики

Најверојатно семејствата на вистинските љубители на патики се шокирани кога треба да потрошат 150 евра за само еден пар патики.
Сепак оваа сума не е ништо во споредба со следните патики, кои буквално се смешно скапи. Секако, повеќето од нив се поврзани со легендарниот Мајкл Џордан. Откако започна неговата соработката со „Најк“, изразена преку „Jordan Brand“, патиките од овие модели за многумина имаат колекционерска вредност.
Голем дел од нив чинат неколку стотици долари, но не и овие од нашата листа:
Nike Air Mag – 37 500 долари
1

Ги гледате „Air Mag“ и се прашувате зошто ви изгледаат толку познато. Ова е реплика на патиките, носени во филмот „Враќање во иднината II“. „Најк“ реши да направи 1500 пара од овие патики и да ги продаде на добротворна аукција, а парите беа наменети за борба против Паркинсонова болест. Патики се со футуристички дизајн, со електролуминисцентен надворешен дел кој се напојува со батерија на полнење, која издржува до 3000 часа.
Diamond Air Force 1 Socal – 50 000 долари
2

Обично патиките „Air Force 1“ чинат околу 200 долари. Што ги прави толку посебни овие патики и чинат 50 000 долари?
Раперот Биг Бој ја создава својата верзија и секоја од патиките е украсена со дијаманти во вредност од 25 000 долари. Со 11 каратни дијаманти е исцртано логото на „Најк“.
Air Jordan 12 – 100 000 долари
3

Од овој модел два пара патики се подарени на раперот Дрејк за време на кошаркарски натпревар на Торонто Репторс. Наместо да ги задржи за себе, тој ги дава на непознати луѓе од публиката. Тие за возврат ги продаваат. Така цената за еден пар достигнува 100 000 долари, со оглед на тоа дека патики никогаш не биле облечени од раперот и биле негова сопственост само неколку минути.
Air Jordan 12, носени од Мајкл Џордан – 104 000 долари
4

Ова е еден од најпознатите кошарски натрпревари на сите времиња. Мајкл Џордан го носи Чикаго Булс во финалето во 1997 година, иако има грип.
Патиките се во центарот на неговата магична игра. Тој ги подарува на едно од момчињата што ја подаваат топката, кое му носи чаша сок од јаболко, за да му биде подобро.
Подоцна момчето ги продава патики за шест цифри. Тоа е прилично добар поврат на инвестиција во една чаша сок од јаболко.
Air Yeezy 2 Red October – 17 милиони долари
5

Кание Вест, кој е познат по многу и различни скапи патики, ги создава овие патики во соработка со „Најк“, а ги крстува „Air 2 Yeezy Red October“, самиот тој понекогаш се нарекува Yeezy.
Штом се пласирани на пазарот, тие се продадени речиси веднаш, а потоа се појавуваат на „eBay“. Еден пар ја достигнува цената од 17 милиони долари. Дефинитивно тоа се многу пари, само за задоволството да имаш патики како на раперот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top