понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 93 ново

Во Италија се воведуваат зелени картони

zelen karton

Италијанската фудбалска федерација е првата што покрај жолтиот и црвениот картон за фудбалерите ќе воведе и нов, зелен. Измените во правилникот, кои ги направи федерацијата со воведување зелен картон, ќе почнат веднаш и тоа во Серија Б престојниот викенд.

Имено, зелениот картон нема да има казнена функција, ниту, пак, ќе служи за опомена, туку напротив, како еден вид истакнување на играчот што постапил според начелата на фер играта. Зелен картон ќе добие играч што ќе ја исфрли топката во аут и ќе ја прекине играта за да му биде укажана медицинска помош на друг фудбалер, или ако признае дека симулирал при евентуален пад во шеснаесетникот. Засега зелениот картон ќе го оценува моралното поведение на фудбалерите на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top