сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Шестмина повредени при судири на „Парада на гордоста“ во Киев (ФОТО)

Gay pride parade in Kiev

Шест лица се повредени денеска во Киев при судири меѓу украинската полиција и група припадници на екстремни националистички организации, кои се обиделе да го попречат одржувањето на „Парадата на гордоста“ во главниот град на Украина.

Полицијата соопшти при полициската интеревенција биле упасени 25 екстремисти.

Gay pride parade in Kiev

Ова втора геј парада во Киев требаше да започне во 10:40 часот по локално време на бреговите на реката Дњепар, подалеку од центарот на украинскиот главен град. Но, уште пред почетокот на маршот во близина на тоа место се собраа група екстремни националисти со намера да го сперачат одржувањето на парадата.

Екстремистите, од кои повеќето носеле црни качилки на главите, набрзо се судрија со полициските сили кои го обезбедуваа собирот.

Gay pride parade in Kiev

При инцидентот се повредени петмина полицајци и еден екстремист. Полицијата информира дека еден од повредените полицајци се здобил со потешки повреди.

По завршувањето на судирите и растерувањето на екстремистите, „Парадата на гордоста“ сепак се одржа под силно полициско обезбедување, но траеше само 10 минути.

Во исто време, како што јави ТАСС, во центарот на Киев се одржа протест на околу 3.000 лица, кои бараа оставка на Владата и зголемување на пензиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top