среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Креативен центар „Тинтири-минтири“: На де­ца­та им ја пре­не­су­ва­ме љу­бо­вта кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност

Се­кој од нас ужи­ва во ра­бо­та­та, најм­но­гу по­ра­ди тоа што на се­кој час е еви­ден­тен на­пре­до­кот и љу­бо­вта што де­ца­та ја раз­ви­ва­ат кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност. Toa што ни ја но­си нај­го­ле­ма­та ра­дост е де­ка сме ус­пе­а­ле да им ја пре­не­се­ме љу­бо­вта кон фил­мот и де­ка, мо­же­би, еден ден тие ќе ста­нат ма­ке­дон­ски фил­ма­џии - ре­жи­се­ри, акте­ри, сце­на­ри­сти, сни­ма­те­ли, ко­сти­мо­гра­фи или шмин­ке­ри, ве­ли пр­ви­от чо­век на кре­а­тив­ни­от цен­тар

Kре­а­тив­ни­от цен­тар „Тин­ти­ри–мин­ти­ри“ по­стои ве­ќе 13 го­ди­ни. Цен­та­рот поч­нал ка­ко па­ту­вач­ки кук­лен те­а­тар за де­ца, за по­тоа да се раз­вие во игро­те­ка ка­де што се одр­жу­ва­ле кре­а­тив­ни ча­со­ви за де­ца и кре­а­тив­ни ро­ден­де­ни. Де­ца­та што по­ра­но беа дел од „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ учес­тву­ваа во по­пу­лар­ни­те игра­ни се­рии „Па­ту­ва­ња со ра­бро­бил“ (2004) и „Па­ту­ва­ња со ра­бро­о­бус“ (2006), во ТВ-мо­за­и­кот „Тин­ти­ри-мин­ти­ри шоу“, те­а­тар­ска­та прет­ста­ва „Хе­ро­јот Ко­ки“ и во мно­гу дру­ги про­е­кти. Де­нес „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ е учи­ли­ште за филм. Куз­ман Куз­ма­нов­ски, ма­ги­стер по филм­ска и те­ле­ви­зи­ска ре­жи­ја на Фа­кул­те­тот за драм­ска умет­ност е ос­но­вач на кре­а­тив­ни­от цен­тар „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“. Цен­та­рот ја под­го­тву­ва игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“. Се­ри­ја­та се ра­бо­ти во ко­про­дук­ци­ја во Ма­ке­дон­ска те­ле­ви­зи­ја. Ста­ну­ва збор за со­др­жи­на што ги про­мо­ви­ра тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти: се­мејс­тво­то, дру­же­ње­то, по­ма­га­ње­то и за­ед­ниш­тво­то, не­што што со го­ди­ни не­до­сти­га во ма­ке­дон­ски­от етер.

На ко­ја во­зраст тре­ба да би­дат де­ца­та што мо­жат да се при­ја­ват и да учес­тву­ва­ат во си­те актив­но­сти што ги ну­ди Цен­та­рот?

КУЗМАНОВСКИ: Во не­го мо­жат да чле­ну­ва­ат де­ца на во­зраст од 6 до 14 го­ди­ни, а ра­бо­та­та е ор­га­ни­зи­ра­на во гру­пи спо­ред во­зра­ста и ин­те­ре­си­те. Гру­пи­те се со­чи­не­ти од 10 до 15 де­ца, број до­во­лен за да се про­из­ве­де ед­но ау­дио-ви­зу­ел­но де­ло. Со по­ма­ли­те гру­пи ра­бо­ти­ме актер­ски веж­би, веж­би за ос­ло­бо­ду­ва­ње, ме­мо­ри­ја, кон­цен­тра­ци­ја, кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње и слич­но. За по­го­ле­ми­те гру­пи и пре­диз­ви­кот е по­го­лем. Ако по­ма­ли­те учес­тву­ва­ат ка­ко акте­ри во го­то­во ау­дио -ви­зу­ел­но де­ло, по­во­зрас­ни­те де­ца има­ат за за­да­ча да на­пи­шат сце­на­рио, да ги раз­ра­бо­тат ли­ко­ви­те во не­го и по­тоа ко­ри­стеј­ќи го здо­би­е­но­то зна­е­ње за пла­но­ви, ком­по­зи­ци­ја на ка­дар т.е. филм­ски ја­зик и слич­но да го сни­ма­ат сво­јот филм. Се раз­би­ра, тие и ќе глу­мат во фил­мот. Сле­деј­ќи го ин­те­ре­сот и на сред­но­школ­ска­та по­пу­ла­ци­ја ин­тен­зив­но ра­бо­ти­ме на „нив­на­та“ про­гра­ма во КЦ „Тин­ти­ри – мин­ти­ри“ и ако се би­де во ред ќе ја поч­не­ме од сеп­тем­ври.

tintiri mintiri

„Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ не е са­мо учи­ли­ште за акте­ри, ту­ку во овој Цен­тар де­ца­та мо­же да ги отво­рат сво­и­те ви­ди­ци и да се за­поз­на­ат со мно­гу дру­ги про­фе­сии со кои би мо­же­ле да се за­ни­ма­ва­ат во ид­ни­на. За што најм­но­гу се ин­те­ре­си­ра­ат Ва­ши­те чле­но­ви?

КУЗМАНОВСКИ: На­ша­та ос­нов­на цел е кај чле­но­ви да ги де­те­кти­ра­ме, раз­ви­е­ме и на­со­чи­ме нив­ни­те кре­а­тив­ни по­тен­ци­ја­ли пре­ку ра­бо­та на филм. За таа на­ме­ра ча­со­ви­те се ор­га­ни­зи­ра­ни во фор­ма на филм­ски ра­бо­тил­ни­ци на кои чле­но­ви­те учат ка­ко се соз­да­ва ед­но ау­дио-ви­зу­ел­но де­ло од по­че­ток до крај. Освен тоа, ка­ко по­се­бен сег­мент што бу­ди ин­те­рес кај по­го­ле­ми­от дел од чле­но­ви­те е и ани­ма­ци­ја­та и тоа осо­бе­но стоп-ани­ма­ци­ја­та, ко­ја се из­ве­ду­ва со трик-сни­ма­ње. По­крај пра­ктич­на­та ра­бо­та што до­ми­ни­ра на се­кој час, дел од актив­но­сти­те се те­о­рет­ска на­ста­ва, се раз­би­ра ин­те­ра­ктив­на и пре­ку фо­то и ви­де­о­ма­те­ри­ја­ли. За­чу­ду­вач­ки е ин­те­ре­сот што де­ца­та го про­ја­ву­ва­ат и за овие те­о­рет­ски де­ло­ви, за кои оче­ку­вав­ме де­ка не­ма да прив­ле­чат тол­ка­во вни­ма­ние. Се­пак, нај­по­пу­лар­ни ме­ѓу на­ши­те чле­но­ви се актив­но­сти­те ди­рект­но по­вр­за­ни со глу­ме­ње и од­нос кон ка­ме­ра. Кре­а­тив­но­то пи­шу­ва­ње, исто та­ка, е сфе­ра во ко­ја се истак­ну­ва­ат мно­гу по­е­дин­ци. Иде­ја­та ни е да ги за­поз­на­е­ме де­ца­та со се­кој ас­пект од ра­бо­та­та во филм­ска­та и те­ле­ви­зи­ска умет­ност. Мно­гу де­ца што, во прин­цип, не са­каа да пи­шу­ва­ат, по ча­со­ви­те за кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње поч­наа да про­ја­ву­ва­ат ин­те­рес и за оваа ра­бо­та. Во си­те актив­но­сти вни­ма­ва­ме да го за­вар­ди­ме пе­да­го­шки­от при­стап, за­тоа што во ра­бо­та­та со де­ца тоа има при­о­ри­тет. На­ши­от зак­лу­чок од до­се­гаш­но­то искус­тво по­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес и го­ле­ми­от број чле­но­ви е де­ка де­ца­та се жел­ни за зна­е­ње и за уче­ње за фил­мот и филм­ска­та умет­ност, са­ка­ат да соз­да­ва­ат и зна­ат да на­пра­ват од­лич­ни ра­бо­ти до­кол­ку би­дат пра­вил­но на­со­че­ни.

tintiri mintiri1

Во ју­ни тре­ба да се одр­жи ме­ѓу­на­ро­ден филм­ски фе­сти­вал за де­ца во Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ква е аген­да­та, што ќе има на Фе­сти­ва­лот?

КУЗМАНОВСКИ: Ма­ке­дон­ски­от ин­тер­на­ци­о­на­лен филм­ски фе­сти­вал за де­ца „Тин­ти­ри-мин­ти­ри филм фест“ про­из­ле­зе од по­тре­ба­та де­ца­та што се чле­но­ви на цен­та­рот да се прет­ста­ват со сво­и­те филм­ски де­ла и нив­ни­от труд да се ве­ри­фи­ку­ва ка­ко еден пе­да­го­шки че­кор во це­ли­от про­цес. На­ша­та по­зи­тив­на на­ме­ра ја пре­поз­на Ки­но­те­ка­та на Ма­ке­до­ни­ја и ни по­ну­ди не­се­бич­на парт­нер­ска со­ра­бо­тка. По­ра­ди искус­тво­то што на­ши­от тим ве­ќе пет го­ди­ни го гра­ди со ор­га­ни­зи­ра­ње на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за ани­ми­ран филм „Ани­макс Скоп­је фест“, ре­шив­ме и на овој нов фе­сти­вал за де­ца да му до­да­де­ме ме­ѓу­на­ро­ден ка­ра­ктер. Про­гра­ма­та ќе би­де по­де­ле­на во два де­ла – фил­мо­ви на­пра­ве­ни од де­ца (дет­ски фил­мо­ви) и фил­мо­ви на­пра­ве­ни за де­ца – ин­тер­на­ци­о­нал­на про­гра­ма со нат­пре­ва­ру­вач­ки ка­ра­ктер, ка­де што по­се­ти­те­ли­те – де­ца ќе мо­жат да гла­са­ат за нај­до­бри­от филм. При крај е при­ја­ву­ва­ње­то на об­ја­ве­ни­от по­вик, на кој се при­ја­ву­ва­ат фил­мо­ви, бу­квал­но, од цел свет. Фе­сти­ва­лот ќе се одр­жи на 5, 6 и на 7 ју­ни во Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја. Освен про­ек­ци­и­те на фил­мо­ви, ќе би­дат ор­га­ни­зи­ра­ни и не­кол­ку филм­ски ра­бо­тил­ни­ци за де­ца.

Ја под­го­тву­ва­те и игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“. Ка­де ќе се еми­ту­ва се­ри­ја­та и до ка­де е сни­ма­ње­то?

КУЗМАНОВСКИ: Игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“ е де­ло на кое мно­гу дол­го вре­ме зре­е­ше во ме­не. Се­ри­ја­та ја ра­бо­ти­ме во ко­про­дук­ци­ја со Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Ста­ну­ва збор за со­др­жи­на што ги про­мо­ви­ра тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти: се­мејс­тво­то, дру­же­ње­то, по­ма­га­ње­то и за­ед­ниш­тво­то, не­што што со го­ди­ни не­до­сти­га во ма­ке­дон­ски­от етер. Ве­ќе на­пра­вив­ме ау­ди­ци­ја за де­ца-акте­ри и уште пред из­вес­но вре­ме ги об­ја­вив­ме ре­зул­та­ти­те. Се при­ја­ви­ја по­ве­ќе од 250 учес­ни­ци, а мнош­тво­то од нив беа иск­лу­чи­тел­но та­лен­ти­ра­ни. За­тоа ни бе­ше мно­гу те­шко да до­не­се­ме од­лу­ка кој ќе би­де вклу­чен во се­ри­ја­та. По­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес и по­тре­ба­та да вклу­чи­ме што по­го­лем број де­ца вр­шам до­пол­ни­тел­ни из­ме­ни во сце­на­ри­ја­та.

unnamed

Во „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ има­те и со­ра­бот­ни­ци, поз­на­ти акте­ри, тек­сто­пис­ци. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за тоа…

КУЗМАНОВСКИ: Со­ра­бо­ту­ва­ме со врв­ни­те умет­ни­ци­те од ау­дио-ви­зу­ел­на­та об­ласт: акте­рот То­ни Ми­хај­лов­ски, тек­сто­пи­се­цот и дра­ма­тург Ог­нен Не­дел­ков­ски, актер­ка­та Ке­ти Или­ев­ска и мно­гу дру­ги. Тие ја по­чув­ству­ваа на­ша­та искре­на на­ме­ра да ѝ се „под­мет­не­ме“ на најм­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја и да ѝ по­ну­ди­ме не­што што до­се­га го не­ма­ло во Ма­ке­до­ни­ја и за­тоа  за нив­на­та под­др­шка ние сме им, на­ви­сти­на, мно­гу бла­го­дар­ни. Де­ца­та ужи­ва­ат да учат од до­ка­жа­ни и ус­пеш­ни умет­ни­ци за­тоа што нив­но­то искус­тво е са­мо по се­бе све­дош­тво, сво­е­ви­ден ре­цепт за тоа ка­ко се сти­га до цел­та – да го ра­бо­тиш тоа што го са­каш, но и да го са­каш тоа што го ра­бо­тиш.

Ка­кво е Ва­ше­то искус­тво од ра­бо­та­та со де­ца­та? Ка­де се еми­ту­ва­ат нив­ни­те сни­ме­ни ма­те­ри­ја­ли?

КУЗМАНОВСКИ: По­ра­ди при­ро­да­та на ра­бо­та­та на ча­со­ви­те по­сто­ја­но се ко­ри­сти ау­дио-ви­зу­ел­на опре­ма – ка­ме­ри, фо­то­а­па­ра­ти, сту­ди­ски свет­ла, про­е­кто­ри, мон­таж­ни сто­ло­ви и сл. На тој на­чин тоа им ста­ну­ва при­род­на ат­мо­сфе­ра на де­ца­та и та­ка се гра­ди „од­но­сот кон ка­ме­ра“, се гу­би тре­ма­та и де­ца­та поч­ну­ва­ат сло­бод­но да се изра­зу­ва­ат иа­ко це­ло­то вни­ма­ние на сни­ма­ње­то е впе­ре­но во нив. Ма­те­ри­ја­ли­те што ги сни­ма­ме те­ков­но, од веж­би­те, по­сто­ја­но ги об­ја­ву­ва­ме на на­ши­от ка­нал на „Јут­јуб“, на стра­ни­ца­та на „Фејс­бук“ и на про­фи­лот и на веб-стра­ни­ца­та на цен­та­рот. Освен тоа, ќе ја поч­не­ме со­ра­бо­тка­та со две мно­гу по­пу­лар­ни ма­ке­дон­ски веб-стра­ни­ци на кои ќе се пре­зен­ти­ра ра­бо­та­та на де­ца­та, а и ние се еки­пи­ра­ме и под­го­тву­ва­ме спе­ци­ја­ли­зи­ран ТВ-ка­нал за де­ца на ин­тер­нет. Ос­нов­ни­от тим ни е со­ста­вен од че­ти­ри чле­на, кои се по­стој­но со де­ца­та – ре­жи­сер, пе­да­гог, со­ци­о­лог, ко­ор­ди­на­тор и сни­ма­тел. Се­кој од нас ужи­ва во ра­бо­та­та, најм­но­гу по­ра­ди тоа што на се­кој час е еви­ден­тен на­пре­до­кот и љу­бо­вта што де­ца­та ја раз­ви­ва­ат кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност. Тоа што ни ја но­си нај­го­ле­ма­та ра­дост е де­ка сме ус­пе­а­ле да им ја пре­не­се­ме љу­бо­вта кон фил­мот и де­ка, мо­же­би, еден ден тие ќе ста­нат ма­ке­дон­ски фил­ма­џии – ре­жи­се­ри, акте­ри, сце­на­ри­сти, сни­ма­те­ли, ко­сти­мо­гра­фи или шмин­ке­ри.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top