среда, 24 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Ване Костуранов изложува во МКЦ

Изложбата на Ване Костуранов насловена „Улица љубов” ќе биде отворена вечерва (12 март), во 20 часот во галеријата на МКЦ во Скопје. Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров.

– Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом, вели Маџиров за делата на Ване Костуранов.

Ване Костуранов е сликар, роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години.

Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и 9 самостојни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top