вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Двоецот Вугринец – Мојовски со победа дебитираа за Лахвија

vugrinec i mojsovski

Македонските репрезентативци Наумче Мојовски и Ренато Вугринец го имаа своето деби за Лахвија и сосема заслужено славеа победа во дербито од катарското првенство против Ал Араби со 31-29.

Меѓу најдобрите поединци на натпреварот беа токму доскорешните ракометари на Металург. Вугринец беше најефикасен со својот тим со осум погодоци, а одличен натпревар одигра и Мојсовски кој успешно стрелаше четири пати.

Со овој натпревар македонските репрезентативци ставија до знаење дека сериозно ќе атакуваат на титулата која е во рацете на Ал Џаиш, тим чиј тренер е Зоран Кастратовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top