петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Јани Макрадули вети стипендии за дефицитарните струки

makraduli_1

Кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Скопје, Јани Макрадули денеска ја посети Старата скопска чаршија и најави стипендии за дефицитарните струки.

– Градот Скопје и јас како градоначалник, ќе даваме стипендии во средните училишта за дефицитарните струки, а потоа, веднаш, тука ќе можат да отворат дуќан, за својот занает, исто со поддршка на градот Скопје – најави Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Скопје од здружената опозиција.

– Бидејќи, градот нема вложено ниту еден денар во општина Чаир, а зема по 60% од секоја компанија, и многу даноци и од граѓаните, јас превземам обврска, да изградиме нов, модерен, современ Бит пазар, каде што трудот ќе се наградува, а граѓаните ќе уживаат кога ќе доаѓаат да пазарат и да носат продукти дома – најави Макрадули.

– Скопје не може да се развива, кога сите делови не се развиваат со исто темпо. Јас се кандидирам за градоначалник, кој ќе работи за сите делови на Скопје .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top