четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 101 ново

Андријана Јаневска: Се најде јунак да ме трпи

Македонската пејачка Андријана Јаневска денеска прослави мал јубилеј од нејзиниот брак со колегата музичар Драган Гиновски-Гино, гитарист во групата „Архангел“.

Иако Јаневска е помлада од својот сопруг дури 15 години, уште кога се запознале пред 9 години, тие се неразделни, а плод на нивната љубов е малечкиот Димитар, кој наскоро ќе добие братче.

1476070_10152651813444790_7081703471686730273_n

– Денес е убав ден. Со мојот сопруг Гино прославуваме петгодишнина од стапување во брак (мини јубилеј), но и полни 9 години откако сме заедно. Не е лесно мене некој да ме „трпи“ толку долго, но ете, се најде јунак Заедно ги искачивме сите врвови низ Македонија, но истовремено ги надминувавме животните предизвици. Многу убави денови, исполнети со шетање, планинарење, возење велосипеди, пливање, но и пеење, свирење, компонирање, аранжирање и снимање во нашиот домашен рај – музичкото студио. Уште поубави денови откако ја направивме нашата куќа, а велат, домот е таму каде што ти е семејството. Куќата ја наполни со радост нашиот прв син Димитар, а наскоро очекуваме уште смеење и плачење (од радост, секако) и со вториот син. Семејството не е важна работа, семејството е се‘ – вели Андријана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top