вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Блажевски и Спировски промовирани во Вардар, потпиша и голманот Пачовски

Дејан Блажевски и Стефан Спировски се двајцата нови фудбалери во Вардар, а најтрофејниот клуб кај нас и официјално ги промовираше како први засилувања во зимскиот период. Договор со „црвено-црните“ потпиша и голманот на македонската репрезентација Томе Пачовски, но тој ќе и биде претставен на јавноста на почетокот на зимските подготовки, на 10. јануари.

blaze

 

Вардар е лидер по првиот дел од шампионатот, пред актуелниот првак Работнички, а новите засилувања ќе бидат добра основа во трката за нова домашна круна.

spiro

 

фото: фквардар.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top