понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Мама не сака синот да биде папа

kardinal kristoferМајката на австрискиот кардинал, Крисотф Шоенборн, не сака нејзиниот син да стане папа. Таа стравува дека ако тој биде избран за папа, никогаш повеќе нема да го види затоа што ќе има премногу работа.

-Целото семејство стравува дека Кристоф ќе биде избран за папа- вели 92 годишната Елеонора Шоенборн.

Повикувајќи се на прошталниот говор на Бенедикт 16, дека папата целосно и припаѓа на Црквата, загрижената мајка изјавува дека доколку нејзиниот син биде избран ќе биде „готово за неа”.

-Тогаш веќе никогаш нема да можат да го видат Кристоф затоа што немам сила за патување во Рим- коментира таа.

Шеесет и седум годишниот кардинал Шоенборн, често се споменува како угледен кандидат за папа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top