недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 71 ново

Што покажуваат метаподатоците на фотографиите со пасоши

Веста што ја објави „Фокус“ предизвика голем интерес, па затоа овие дополнителни информации може да бидат, исто така, од корист во јавната дебата, пишува „Медиум“ (medium.com).

На веб-страницата на весникот се објавени шест фотографии. Пет од тие фотографии, најверојатно, се фотографирани на 9 и на 10 септември 2014 година. Тоа може да се види од метаподатоците на фотографиите.

1 4x9O-NQNZ39FsUd8OpOLBw 1 e03cf8LJiTx512F0g099gg 1 MXgU6iP9xcWF4YCcgEHGsg 1 tOnK4lBT0b8-yxZAoqKczg 1 upLUvZOIlh2l3zOUFrASJg

Шестата фотографија е уредувана во „фотошоп“, најверојатно, од страна на редакцијата на „Фокус“ за да се скрие идентитетот на лицето.

1 GVEOmqh4fBpaasBPDSkLQQ

Според метаподатоците фотографиите се направени со „самсунг галакси Ес4“ (Samsung Galaxy S4) (GT-I9515) телефон  што се продава од мај 2014 година. Дури и да бил купен веднаш по пуштањето во продажба, овој телефон не би можел да се користи за фотографирање на нешто што би било поврзано со минати изборни процеси. Изборите годинава завршија на 27 април.

1 2CTHeXLc2OPtNd3PYq3WJA

Оттука, освен ако некој не си играл претходно со метаподатоците на овие фотографии (а тоа е можно и лесно со обично уредување во „фотошоп“ како во фотографија бр.6, овие фотографии, навистина, се направени во септември 2014 година со уред што не е постар од шест месеци и патем е релативно скап, односно чини повеќе од 20 илјади денари.

Во печатеното издание на „Фокус“ има уште една фотографија на која е прикажана некаква машина. Таа фотографија не е објавена на веб-страницата. На фотографијата може да се видат неколку букви од марката на машината. Истражувањето на базата на податци на марки на ВИПО (WIPO) покажува една марка што многу личи на исечокот од фотографијата. Тоа е „ориџинал перфекта“ (Original Perfecta), марка на компанија за производство на машини за сечење хартија.

1 nmhOujHLTqVaac8w7YPPKw

1 n5tgHo70fqgMpMCbbjWGgg

Марката била во сопственост на комбинатот „Вернер Ламберц“ од Лајпциг, Источна Германија, регистриран за Данска јурисдикција во 1963 година.

Во дел од текстот на „Медиум“ дадени се одговори и на  најчестите прашања поврзани со темата:

1. Нели „самсунг галакси Ес4“ (Samsung Galaxy S4) е достапен на пазарот од 2013 година?

Постојат два модела на „самсунг галакси Ес4“ . Едниот објавен во 2013 година. Тоа е моделот GT-I9505. (Врска до продажба на Т-мобиле.) Вториот е „самсунг галакси Ес4 велју едишн“ (Galaxy S4 Value Edition) модел GT-I9515 пуштен во продажба во мај 2014 година, како што потврдува и информацијата од врската погоре во текстот.

2. Дали е можно фотографиите да се направени во септември 2014 година, така што е фотографирано видеото?

Фокус објави дека добил видео и фотографии:

1 yuJ8bQsPLp-75sB55bTTbg

Без да разгледуваме колку е лесно со мобилен телефон да се фотографира видео што се прикажува на монитор и притоа да се добијат солидни фотографии, видеото што е објавено од страна на „Фокус“ не ги содржи истите кадри што се прикажани на фотографиите. Така што или „Фокус“ не го добил целиот видеоматеријал, или објавениот материјал не е целосен, или фотографиите се направени независно.Во секој случај, премногу „или“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top