петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 78 ново

Асанж се разболел, ќе замине од Амбасадата на Еквадор

asanzОсновачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска изјави дека набрзо ќе ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде пред две години најде засолниште поради обвиненијата за силување и сексуално вознемирување во Шведска. Асанж на прес-конференцијата истакна дека му е влошена здраствената состојба за време на престојот во Амбасадата.

Доколку Асанж ја напушти Амбасадата на Еквадор, од чии власти побара политички азил, тој ќе биде уапсен бидејќи пред Амбасадата постојано има дежурна полициска патрола.

Асанж се плаши дека Шведска ќе го екстрадира во САД, каде е обвинет за шпионажа и незаконско објавување на доверливи документи, за кои е предвидена затворска казна од 35 до доживотна. Британските медиуми објавија дека 43-годишниот Асанж има бројни здравствени проблеми бидејќи две години не излегол на сонце. Покрај недостигот на витамин Д, тој почна да се жали и на болки во градите, а повремено има и срцева аритмија и многу висок крвен притисок. Асанж додека беше во затворот Вандсворд секој ден имаше еден час шетање на свеж воздух, а сега е затворен во четири ѕида.

 – Неговата светла кожа стана провидна, а поради сувиот воздух страда од хронична кашлица. Темните кругови под очите покажуваат дека не спие добро, изјави новинарката Сара Оливер, која го посети Асанж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top