понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 20 ново

Конгресот ќе го тужи Обама поради „Обамакер“?

Претставничкиот дом на Конгресот на САД, каде што мнозинство имаат републиканците, усвои резолуција што го отвора патот за повикување на претседателот Барак Обама под судска одговорност за надминување на ингеренциите за реформите во здравството.

obama-immigration-1

Одлуката е донесена со поддршка од 225 конгресмени од Републиканската партија, наспроти гласовите на 201 претставник на Демократската партија.

Со тоа се овозможува правниците од Конгресот да ги подготват неопходните правни документи против Обама уште за време на седумнеделниот одмор на Конгресот, кој почнува во петок.

Тужбата против Обама се очекува да се повикува на тоа дека претседателот ги надминал своите овластувања со поднесување еднострани измени во законските акти за реформа на здравството, познат како „Обамакер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top