среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Внимавајте на штетното сончево зрачење – денеска топло со висок УВ-индекс

sonce_1

Првата половина од последниот понеделник од овој јуни ќе помине во ведро и тивко време. Но, во втората половина од денот ќе започне постепено наоблачување, кое ќе донесе локален дожд проследен со грмежи доцна попладне и навечер. Овие процеси ќе бидат позастапени во источната половина од земјата.

Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 29°С во северната половина од земјата, и околу 32°С во јужната половина од земјата.
Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време со слаб ветер претпладне. Попладне и вечер ќе има услови за појава на локален дожд и грмежи. Максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top