среда, 15 август 2018 | Вести денес: 34 ново

Амбасадата во Еквадор во Лондон: Асанж може да остане колку што сака

asanz

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој речиси две години се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон, може таму да остане колку што сака, изјави еквадорскиот амбасадор Хуан Фалкони Пуиг.

Тој нагласи дека Асанж пати поради тоа што не може да излезе од амбасадата, но дека може да остане таму колку што сака, откако Врховниот суд го отфрли барањето да се запре неговото испорачување на Шведска, каде е обвинет за силување.
Фалкони истакна дека Асанж не е бегалец и потсети дека претседателот Рафаел Кореа му даде азил врз основа на човековите права.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top