среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

(ЕКСКЛУЗИВНО) Судир во СДСМ – Заев тврди дека има поддршка од голем дел од раководството (2)

Струмичкиот градоначалник на средбата кај Црвенковски му рекол дека изложените ставови не се само негови, туку дека за тоа има поддршка кај голем дел од највисокото раководство и кај членството, по што му дал рок да размисли и да одговори на предлозите. По рокот, според луѓето со кои Заев ги поделил деталите од разговорот со шефот на СДСМ, тој би можел и самиот да повлече некои чекори за спас на партијата.

Тоа што е особено интересно е што Заев за разговорот со Црвенковски информирал голем дел од највисоките раководни лица во СДСМ и притоа барал целата дискусија да биде јавна за сите да знаат што се случува во партијата, притоа тој од најголем број од луѓето со кои разговарал добил поддршка, тврдат изворите на „Република“. Сè уште нема никаква најава како ќе одговори Црвенковски на овие барања, но во партијата се шпекулира дека веднаш по разговорот закажал состанок со коалициските партнери. По налог на Цревенковски, генералниот секретар Андреј Петров наскоро треба да патуваво Брисел, со задача да бара поддршка од европските институции и организации.

За состанокот со коалициските партнери в недела се очекува Црвенковски да се обиде да побара реафирмирање на својата политика и нови форми на дејствување, кои ги најави во интервјуата оваа недела.

Неофицијално, една од новите форми на дејствување на партијата треба да биде блокирање на граничните премини, како што прави Златна зора во Грција. Иако е јасно дека тоа законски не е дозволено, при што некои од тие што ќе блокираат можат да добијат затворски казни, идејата била да се направи дополнителен притисок и хаос на политичката сцена.

Во партијата се зборува дека Црвенковски работи на мотивирачки говор со кој треба да се врати еланот кај членството за нови протести и блокади по шокот што им го приреди Јакимовски.

(продолжува)

Првиот дел од текстот можете да го прочитате на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top