вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 99 ново

Проруските активисти без борба зазеле касарна во Донецк

ukraina doneck

Припадници на проруските активистички „сили за самодобрана“ денеска без борба презедоа контрола врз касарна на Националната гарда на Украина во градот Донецк, јавија западните медиуми, повикувајќи се на очевидци.

Според истите извори, вооружени мажи, кои носеле обележја на проруските сили од источна Украина, доцна попладнево навлегле во касарната.

Припадниците на Националната гарда не дале отпор, по што набрзо со камиони го напуштиле објектот.

– Ние ја контролираме базата – соопштил претставник на проруските сили облечен во маскирна униформа, на прес-конференција одржана на влезот од касарната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top