четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 47 ново

Мајкл Џордан: Коби пред ЛеБрон (видео)

Мајкл Џордан конечно прозборе кој е најдобар играч на нашето време, меѓу Коби Брајант и ЛеБрон Џејмс, тој го избира првиот

1849522050511e54c5bfa67708293164_orig
Еден човек кој се смета за најдобар кошаркар на сите времиња смета дека изборот меѓу Коби и ЛеБрон е тежок, но како критичен фактор за него се петте титули на Брајант, наспроти само едната на Џејмс.

– Пет го победува еден секој пат кога ќе се погледнам. Не дека Џејмс нема да освои  пет, можеби и повеќе од тоа, но пет е повеќе од еден- вели Јордан.

– Не ми е гајле. Ако велиш дека Коби е број еден, јас сум број два, тоа не е важно за мене. Не ме загрижува тоа што луѓето го велат за мене, се додека сум на паркетот и придонесувам да победи мојот. Не ми требаат награди и благослови од другите луѓе- рече Џејмс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top