четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 104 ново

Село Србјани, кичевско, чувар на вековната традиција за Богојавление

krstot 1856Во селото Србјани, кичевско, за големиот христијански празник Богојавление – Водици секоја година кумовите, стариот на новиот, си го предаваат крстот од 1856 година.
Според раскажувањето на Ивица Николоски од Кичево, тоа е еден од постарите крстови во Македонија со кој се чествува Богојавление – Водици. Се верува дека крстот бил донесен селаните кои биле на печалба во Влашко, односно Романија. Направен е од месинг, а на него е изгравирана словенската азбука и годината кога е изработен 1856. Од тогаш, 158 години им служи на жителите на село Србјани при прославата на големиот празник Богојавление – Водици.
Во селото Србјани е и една од најстарите цркви во кичевско, црквата Свети Петар и Павле. Црквата дури три пати е обновувана, а старост на нејзините темели, според Николоски, засега не е утврдена.
-Врз основа на турски записи од 1494 година, во селото живеел Поп Никола со синовите кој служел во оваа црквата. Оваа црква била соборна и за околните села, а ја викале и „Голема Црква“. Празникот на Апостолите Петар и Павле бил ден за голема прослава. Врз основа на документ, во 1994 година се прослави јубилеј 500 години мисија на оваа црква. Се одржа света литургија во која чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил во сослужение со митрополитот Дебарско – Кичевски,  г. Тимотеј и свештеници од епархијата- се надоврзува Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top