четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 108 ново

Би ја закачиле ли дома оваа слика од Андријана Јаневска (ФОТО)

Андријана покажа дека знае како со четката...

Познатата пејачка Андријана Јаневска беше дел од ликовниот перформанс „Познатите сликаат“ во Културниот центар „Феникс“. На ликовниот хепенинг  учестваа неколку познати личности, кои сликаа посебни авторски ликовни дела на слободни теми.

Андријана на „Фејсбук“ се пофали со своето дело, но и напомена дека четка во раце зела прв пат по осмо одделение.

andrijana janevska 2

– После осмо одделение на часовите по ликовно, вчера за првпат фатив четка во рака на иницијатива на д-р Христо Петрески од културниот центар ФЕНИКС. Не сум имала можност да сликам на платно никогаш во животот, ниту некој некогаш ми покажал техники, затоа простете на мојот аматеризам:) Исто така, имајте предвид дека имав на располагање само 1 час за сликање:) Како и да е, идејата е прекрасна и се надевам дека после Нова Година и други јавни личности ќе земат учество и ќе насликаат нешто. Весели бои за весел ден! – напишаа таа.

Пејачката со многу живи и весели бои го наслика Малиот принц, а нејзиното дело заедно со останатите дела, ќе биде презентирано на повеќе изложби во Скопје и Републиката, а во просториите на Културниот центар „Феникс“ веќе е отворена Галеријата на познатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top