петок, 20 јули 2018 | Вести денес: 75 ново

Макрадули со закани до главниот и одговорен уредник на „Утрински“

Пратеникот Јани Макрадули преку пораки и се заканувал на уредничката на „Утрински“ Соња Крамарска.

Главниот и одговорен уредник на Утрински весник, Соња Крамарска во својата последна колумна насловена како „Зошто не отидов на Надзорното испрашување“, открива дека пратеникот Јани Макрадули преку СМС пораки и се заканувал во обид да ја спречи да објавува колумни во кои говори за внатрепартиските состојби во СДСМ.

-Веројатно ќе бев испровоцирана и да ги покажам пораките што ги добивам по телефон од Јани Макрадули во кои се обидува на најприземен начин да ми се заканува и да ме спречи да пишувам колумни за внатрепартиските состојби во СДСМ во кои го спомнувам неговото име како противник на новиот лидер Зоран Заев, пишува Соња Крамарска во својата колумна „Зошто не отидов на Надзорното испрашување“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top