вторник, 13 ноември 2018 | Вести денес: 1 ново

Леа пее со групата на нејзиниот татко „Лева патика“ (ВИДЕО)

„Ноќни возови“ е името на песната од новиот албум на легендарните „Лева патика“. Албумот кој е бесплатен за симнување ја содржи и оваа татко-ќерка соработка. Имено, главниот пејач на групата, Гранит Таки, е татко на Леа, некогашната членка на групата „Ај кју“.

Настрана од својот татко, Леана Таки и самата ја освои македонската јавност со нејзиниот карактеристичен глас, како и изведбата на песната „Не заборавај“ од Калиопи.

– Иако целиот албум е достапен за симнување на „Фејсбук“ страницата на „Лева патика“ (Leva patika), забележаб дека многу луѓе сѐ уште ја немаат чуено окнкретнава песна. Мене ми е екстрмно драга и би сакала да ја споделам заедно со сликиќките – потсети Леа.

Видеото на „Ноќни возови“ содржи и фотографии од животот на таткото и ќерката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top