сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

И Македонија ќе учествува на Турковизија

Икај Јусуф (фото: Дневник)

Икај Јусуф (фото: Дневник)

Икај Јусуф од Гостивар ќе биде македонски претставник на фестивалот „Турковизија“, манифестација која се организира по теркот на „Евровизија“, пишува Дневник.

„Животот е мечта“ е името на песната со која ќе настапи Јусуф, кој зад себе има 15-годишна музичка кариера со неговата рок-група „Бал ве кан“ (Мед и крв) и работи во средното економско училиште во Гостивар.
На двете полуфинални вечери, кои ќе се одржат на 17 и на 19 декември, во Ескишеир, Турција, ќе се претстават изведувачи од 24 држави. Финалето е закажано на 21 декември, а директен пренос ќе вршат повеќе национални телевизии, меѓу кои и вториот програмски сервис на МРТ.

– Ми се јавија од турската редакција на јавниот сервис да дојдам во Скопје и ми рекоа дека имаат интересна понуда за мене. Се сретнав со еден од главните продуценти на фестивалот. Тој ми објасни дека овој настан е пандан на Евровизија и бидејќи немало време да се направи конкурс за избор на изведувач и песна, ми понудија да настапам како претставник на Македонија. Тоа е голема чест за мене и без размислување го прифатив предизвикот – открива Икај за „Дневник“.

Икај Јусуф на фестивалот ќе се претстави со песната „Живот во мечта“ на која се јавува како комплетен автор и ќе ја изведува на турски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top