сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 74 ново

„Патување на полноќ“ на „Митан проект“ утре во „Универзална сала“

„Патување на полноќ“ e новото издание на проектот „Митан“, кој утре, 30 ноември, ќе биде концертно промовиран во „Универзална сала“.

Новото цеде содржи 17 преработени стари македонски песни кои беа изведени во живо на полноќен концерт пред четири години во Античкиот театар, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ кога „Митан“ го промовираше вториот албум. Во 70 минути се содржани стари песни, како „Македонско девојче“, „Елено, ќерко Елено“, „Дејгиди луди млади години“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Јовано, Јованке“… во современ ритам во интерпретација на Андријана Јаневска.

Во инструменталната екипа на проектот се Дамир Имери (клавијатури), Ади Имери (гитара), Гоце Димовски (кавал, зурла), Газменд Бериша (виолина) и Мите Димовски-Митан (ударни инструменти).

Гости на концертот ќе бидат хорот „Злата Мегленска“ и Влатко Стефановски.

Влезниците по цена од 300 денари, 400 и 500 денари веќе се во продажба и можете да ги набавите преку www.kupikartizase.com или во „Пола Југотон“ (ГТЦ први кат). Со секоја купена влезница од 500 денари следува подарок цеде.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top