четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 103 ново

Ќерката на Кастратовиќ на Детската евровизија

13-годишната Барбара Поповиќ е комплетен автор на песната „Охрид и музика“. Воедно, таа ќе биде првиот претставник на Македонија на Детската евровизија по двегодишна пауза.

barbara popovic

Барбара Поповиќ

Интерсно е што на сцената со Барбара ќе настапи Сара, ќерката на Зоран и Индира Kастратовиќ, тренерот на женскиот ракометен клуб „Вардар СЦБТ“. Таа е дел од танчарите од балетското студио „Еурека“, кои ќе ја придружуваат нашата претставничка на сцената.

Фестивалот за деца ќе се одржи на 30 ноември во Kиев, Украина. На изборот ќе се претстават 12 држави, а Македонија ќе настапи петта. Македонската радио-телевизија, носител на проектот, ја избра нашата претставничка на аудиција.

Извор: Дневник

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top