четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Инцидент на натпреварот Куманово – Вардар

На кошаркарскиот натпревар помеѓу Куманово и Вардар дојде до инцидент откако на почетокот од второто полувреме полицијата интервенираше на западната трибина каде што е сместена навивачката група Кумани.

Интервенцијата беше предизвикана со скандирање на навредливи слогани упатени кон службени лица. Неофицијално дознаваме дека се приведени четири лица кои во текот на ноќта се пуштени и против кои МВР ќе поднесе кривични пријави поради нарушување на јавниот ред и мир.
Поради овие настани, во вториот дел од натпреварот ја немаше препознатливата навивачка атмосфера која ги краси сите натпревари кои кошаркарите на Куманово ги играат на домашен терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top