четврток, 15 ноември 2018 | Вести денес: 44 ново

„Ден“ престана да излегува

По неполна година постоење, дневниот весник “Ден” од денес повеќе нема да излегува, објави порталот Фактор.

Den

Овој пат работите повторно ескалирале поради неисплатата на заостанатите плати, за кои веќе неколку месеци раководството  ветуваше дека ќе бидат исплатени. Како што дознава Фактор, вработените му поставиле ултиматум на директорот Јован Јовчевски, дека ако до вчера до 16 часот не легнат пари на сметка нема да пишуваат текстови. Но, на вработените доцна попладнето им било соопштено дека весникот се затвора. Ова не е прв пат весникот да запре со печатење, но овој пат очигледно дошло нож до коска. Раководството признало дека нема пари, а вработените платите ќе можат да ги добијат на суд. Дел од новинарите веќе размислуваат да поднесат тужби за исплата на заостанатите плати за октомври, ноември, декември и јануари.

Минатата година речиси две недели весникот не се печатеше од истите причини, но откако добија плата, вработените се вратија на работа.

Весникот подолг период дише на шкрги.  Кризата почна уште во јули летото а кулминираше во август минатата година, откако тогашниот сопственик и основач на „Ден“, Живко Серафимовски го продаде весникот и ја смени уредувачката постава. Тогаш за директор беше поставен Јован Јовчевски, кој ветуваше дека Ден ќе биде весник што ќе работи по европски стандарди, се најавуваше влез на руски бизнисмен во весникот, но ниту една најава не се исполни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top